50 милиони денари за лаборатории за млеко во Штип и Тетово

Bez autora
Apr 11 2013

Министерството за земјоделство објави јавен повик со кој ги повикува сите заинтересирани лаборатории од Тетово и Штип да аплицираат за користење на техничка поддршка за инвестиции во лаборатории за проверка на квалитетот на млекото. Според објавата, за оваа намена од Програмата за рурален развој за 2013 година се обезбедени вкупно 50 милиони денари, односно по 25 милиони денари по лабораторија. Право на учество во јавниот повик имаат јавни научни установи од областа на земјоделството. Максималниот износ на техничката помош изнесува 25 милиони денари по лабораторија, а висината на одобрената поддршка ќе биде дефинирана со договорот потпишан со Министерството за земјоделство. Исплатата на техничката помош ќе се врши авансно, односно 70% од одобрениот износ и 30% по извршената акредитација на методите за анализа на сурово млеко пропишани во Правилникот за квалитет на млекото.

50 милиони денари за лаборатории за млеко во Штип и ТетовоМинистерството за земјоделство објави јавен повик со кој ги повикува сите заинтересирани лаборатории од Тетово и Штип да аплицираат за користење на техничка поддршка за инвестиции во лаборатории за проверка на квалитетот на млекото.

Според објавата, за оваа намена од Програмата за рурален развој за 2013 година се обезбедени вкупно 50 милиони денари, односно по 25 милиони денари по лабораторија.

Право на учество во јавниот повик имаат јавни научни установи од областа на земјоделството.

"Максималниот износ на техничката помош изнесува 25 милиони денари по лабораторија, а висината на одобрената поддршка ќе биде дефинирана со договорот потпишан со Министерството за земјоделство. Исплатата на техничката помош ќе се врши авансно, односно 70% од одобрениот износ и 30% по извршената акредитација на методите за анализа на сурово млеко пропишани во Правилникот за квалитет на млекото" - се вели во јавниот повик.

Заинтересираните лаборатории од Штип и Тетово што сакаат да аплицираат на јавниот повик неопходно е да достават освен основни податоци за нив, опис на предлогот за користење на техничка помош, план и активности за реализација, спецификација на потребната апаратура и опрема за испитување на квалитетот на млекото и профактури за вредноста на истата, како и опис на директни и индиректни корисници на лабораторијата. Ова се две од четирите лаборатории за испитување на квалитетот на млекото коишто е предвидено да бидат отворени низ државата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik